Жена од Флорида во САД, која влета во група велосипедисти со автомобил при што уби две лица, избегна затворска казна.
Никол Вандервајт (34) изјави дека нема да ја обжали одлуката на судот на округот Бровард, која поради „невнимателно возење“ е казнета со одземање на возачката дозвола на шест месеци, плаќање на судските трошоци, четиричаровно возење под присуство на службено лице и извршување на 120 часа служење на заедницата, објави локалниот весник „San Sentinel“.
„Се чини дека животите на луѓето не ни се важни“, рече Дани Родригес, син на едниот велосипедист што го усмрти Никол со автомобил. „Нема правда“, додаде тој.
Автомобилот управуван од Вандвајт удри во група од 15 велосипедисти од едно здружение на семејства во ноември 2018 година, соопштија властите. Две лица беа убиени, а пет беа повредени.
Жената и рекла на полицијата дека била „расеана“ и дека и’ пречело сонцето. Инспекторите утврдиле дека таа на место со ограничена брзина од 55 милји на час возела 66 км на час.
Меѓутоа, обвинителите оценија дека нејзината небрежност не била на ниво потребно за случајот да биде пријавен како кривичното дело убиство со возило, што бара сторителот да покаже „намерно или невнимателно непочитување на безбедноста“.