Свет 28. април 2020. / 10:34

Со 9 милијарди евра за Луфтханза германската Влада ја спасува компанијата и добива дел од акциите

Со 9 милијарди евра за Луфтханза германската Влада ја спасува компанијата и добива дел од акциите

Германската Влада одлучи да ѝ помогне на националната авиокомпанија Луфтханза со девет милијарди евра.

Според дигиталниот економски магазин „Бизнис инсајдер“ што се повикува на извори од компанијата, ваквиотѕ потег предвидува државата да преземе учеството во компанијата и за девет милијарди евра ќе добие малцински пакет со право да блокира одлуки.

Државата исто така добива до два мандата во Надзорниот одбор.

Договор е постигнат меѓу претставниците на Владата и компанијата Луфтханза, а директорот на авиокомпанијата Карстен Сфор, канцеларката Ангела Меркел и министерот за финансии Олаф Шолц треба само формално да го потврдат докуметот.