Свет 24. октомври 2019. / 10:38

Сноуден: Заробен сум во Русија затоа што САД ми го поништија пасошот

Сноуден: Заробен сум во Русија затоа што САД ми го поништија пасошот

Поранешниот американски разузнавач и свиркач Едвард Сноуден, кој доби азил во Русија, изјави дека останал заробен во Москва, затоа што САД му го поништиле пасошот.

– Бев долгогодишен критичар на руската Влада. Го критикував рускиот претседател по име и рускиот закон за надзор. Видете тоа не ми го олеснува животот, заробен сум во земја која не ја избрав – истакна Сноуден во интервју за поткастот Џо Роган Експириенс.

Сноуден потсети дека бил на пат за Јужна Америка кога Владата на САД го поништила неговиот пасош, поради што е „заробен во Русија“.

– Тешко е да се биде ангажиран како граѓанска опозиција кон политиката на американската Влада, а во исто време да се критикува руската Влада, но чувствуван дека тоа е неопходно – наведе Сноуден.

Тој во САД е обвинет по две точки за кршење на Законот за шпионажа и може да биде осуден на по 10 години затвор за секоја точка.