Свет 16. мај 2018. / 11:16

Смртоносна бура во Америка – 2 загинати, илјадници домови без електрична енергија (ВИДЕО)

Смртоносна бура во Америка – 2 загинати, илјадници домови без електрична енергија (ВИДЕО)

Две лица загинаа во бура која го зафати североистокот на САД.

Силно невреме проследено со грмежи, град и силен ветер ги погоди САД.

Единаесетгодишно девојче настрада кога ветер сруши стебло врз паркиран автомобил во Њујорк, додека другата жртва е маж кој исто така настрада поради пад на стебло врз возило, наведуваат американските медиуми.

Невремето довело до сообраќаен колапс, прекин на електрична енергија и вода.

Издадено е и предупредување поради опасност од поплави во источен Мериленд, Делавер и јужен Њу Џерси.