Свет 16. мај 2020. / 19:36

Смртните случаи на дневно ниво во Италија најниски од 9 март

Смртните случаи на дневно ниво во Италија најниски од 9 март

Италијанските здравствени власти денеска објавија дека бројот на луѓе кои починале поради новиот корона вирус се зголемил за 153 од последното ажурирање, што е најниска дневна бројка од 9 март.

Вкупниот број на смртни случаи сега изнесува 31.763 лица.

Вкупниот број на заразени од вирусот достигна 224.760, откако се зголеми за 875 во изминатите 24 часа, што го прави 17-ти последователен ден со под 2.000 пријавени инфекции.

Досега се опоравиле вкупно 122.810 пациенти.