Свет 09. мај 2018. / 10:47

„Смрт за Американците“: Иранските пратеници го запалија знамето на САД (ВИДЕО)

„Смрт за Американците“: Иранските пратеници го запалија знамето на САД (ВИДЕО)

Еден ден по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, САД да се повлечат од нуклеарниот договор со Иран, пратениците во Техеран го запалија американското знаме од хартија во парламентот.

Тие извикувале „Смрт за Американците“, а запалиле и хартија која симболично претставува нукеларен договор.

Трамп синоќа соопшти дека САД излегуваат од нуклеарниот договор со Иран и дека повторно ќе му воведе санкции на Иран и тоа од највисок степен досега. Американскиот претседател додаде дека и други земји би можеле да бидат санкционирани.

Нуклеарниот договор со Иран, како што истакна Трамп, би требало да ги штити САД и сојузниците, но му овозможил на Иран да продолжи со збогатување на ураниум.