Кина за прв пат ги надмина САД според показателот за бројот на милионери. Според податоците на швајцарските банки, 100 милиони Кинези се со сметки од над еден милион американски долари, наспроти САД каде нивниот број е 99 милиони.
-Наспроти затегнатоста во трговските односи меѓу двете држави, во текот на последните 12 месеци обете постигнале завидни резултати во создавањето на материјални добра. Кина имала увоз од 3,9 трилиони долари, а САД од 1,9, вели Нанет Хечлер Фајдхерб од Credit Suisse.
Пораснат е бројот на милионери, кои поседуваат износи од 1,2 до 46,8 милиони долари. Тие поседуваат вкупна актива од 15,3 трилиони долари, што претставува 44% од вкупната актива во светот. Над половината од бројот на нови милионери е од САД-675.000.