До вчера најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, основачот на „Амазон“, ја препушти оваа престижна титула на Бил Гејтс, поради падот на вредноста на акциите на неговата компанија.
Амазон објави лоши резултати во третиот квартал, со што Џеф Безос скоро 7 милијарди долари. Акциите на Амазон опаднаа за седум проценти, со што богатството на Џеф Безос достигна само 103,9 милијарди долари.
Безос го погодија и дополнителни финансиски проблеми оваа година, бидејќи загуби околу 14 милијарди долари, најмногу поради разводот. Како дел од спогодбата, поранешната сопруга на Безос, Мекензи Безос, доби 25% од акциите на „Амазон“ и со тоа се здоби со удел од 4 проценти во компанијата, што е околу 38 милијарди долари.
Местото на најбогатиот човек во светот го презеде ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, чие богатство се проценува на 105,7 милијарди долари.