Свет 25. јануари 2020. / 19:28

Случај на корона вирусот регистриран и во Австралија

Случај на корона вирусот регистриран и во Австралија

Во Австралија потврдија за прв случај на корона вирусот во државата Викторија, поради што сојузната влада ги повика граѓаните да не патуваат во кинеската провинција Хубеи, епицентарот на епидемијата.

– Кинез на возраст од 50 години кој бил во Вухан, е во стабилна состојба во болницата во Мелбурн, откако пристигнал со авионски лет од Гуангжу на 19 јануари. Важно е да се потенцира дека нема причина за тревога за заедницата – изјави министерката за здравство на државата Викторија, Џени Микакос.

Здравствените власти велат дека пациентот не е во многу сериозна состојба.

Бројот на смртни случаи во Кина предизвикани од вирусот се зголеми на 41 лице, додека бројот на заразени лица ширум светот се зголеми на 1.300.