Словачките пратеници денеска изгласаа резолуција со која го отфрлаат меѓународниот договор за правата на жените. Парламентот гласаше 101-28, со три воздржани гласа за одлука со која од Владата се бара да го прекине процесот за ратификација на договорот познат како Истанбулска конвенција и да го извести Советот на Европа дека Словачка ќе остане надвор од неа, пренесе АП.
Овој потег го поздрави словечката бискупска конференција на римокатоличката црква.