Возилото во кое се наоѓал словачкиот премиер, Петер Пелегрини се удрило со елен на патот во регионот Прешов на патот кон Кежмарок, каде се одржувала владина седница, потврди словачката владина канцеларија.
Еленот истрчал пред лимузината.
„Почувствував голем удар на предниот дел од автомобилот. Воздушните перничиња се активираа, а шофершајбната напукна“, изјави словачкиот премиер, наведувајќи дека нема набрзо да ја заборави случката.
Според неговите зборови, возачот реагирал многу добро и не излетале од патот.
Пелегрини со друг автомобил подоцна пристигнал во Кежмарок, каде учествувал на седницата.