Свет 19. ноември 2018. / 22:23

Словачка сака да купи борбени авиони Ф-16В

Словачка сака да купи борбени авиони Ф-16В

Словачка планира да купи 14 американски авиони Ф-16В, како замена за своите Мигови-29, соопшти денеска државниот секретар на Министерството за одбрана на Словачка, Роберт Ондрејчак, додавајќи дека овој потег, исто така, има за цел да ја оддалечи Словачка од Русија.

-Ќе ја прекинеме работата што е можно поскоро. Најважната врска со Русија се Миговите-29, кои се уште се произведуваат во Русија, и затоа донесовме одлука за Ф-16. – рече Ондрејчак на маргините на Меѓународниот безбедносен форум во Халифакс.

Тој нагласи дека Словачка наскоро ќе добие пет хеликоптери УХ-60М „Блек Хавк“, како замена за руски хеликоптери Ми-17.

Државниот секретар истакна дека купувањето американска воена технологија ќе ја зајакне словачката геополитичка позиција и стратешката врска.

Словачка е членка на НАТО од 2004 година.