Свет 28. април 2020. / 23:29

Словачка лидер во Европа: Има најмала стапка на смртност од корона вирусот

Словачка лидер во Европа: Има најмала стапка на смртност од корона вирусот

Еден месец и половина по регистрирањето на првиот случај на вирусната инфекција во Словачка, земја со население од 5,5 милиони, стапката на смртност е најниска во Европа.

Во последните 24 часа, во Словачка се регистрирани два нови смртни случаи со што вкупната бројка се искачи на 20 жртви.

Регистрирани се и тројца нови позитивни пациенти, па бројот на заразени достигна 1.384 луѓе. Како што објави Националниот центар за медицински податоци, бројот на тестирани во последните 24 часа е 1.767.

Словачка меѓу првите држави во Европа ги затвори сите училишта, продавници и граници.

Граѓаните почнаа да носат маски уште пред Владата официјално да ја воведе како задолжителна превентивна мерка, а регионот на Братислава, плашејќи се од италијанското сценарио, ги затвори училиштата два дена откако беше забележан првиот случај на Ковид-19.