Свет 12. декември 2018. / 22:19

Словачка купува воени авиони „Ф-16“

Словачка купува воени авиони „Ф-16“

Словачка купува 14 борбени авиони „Ф-16“ од „Локид Мартин“ за да ги замени советските „Мигови“.

Словачкиот министер за одбрана, Петер Гајдош, потпиша договор со потпретседателот за меѓународен развој на „Локид Мартин“, Асном Вуговски, според кој првите четири авиони ќе бидат испорачани до 2022 година, пренесе АП.

Премиерот Петер Пелегрини рече дека неговата земја ќе ги плати авионите повеќе од 1,6 милијарда евра.

Договорот вклучува и муниција, обука на пилоти и друг персонал и логистички сервиси.