Премиерот на Словачка, Игор Матович, официјално соопшти дека ќе биде укината мерката за задолжителен двонеделен карантин за словачките граѓани кои се враќаат од 19 земји прогласени за безбедни.
Истовремено, носењето заштитни маски на отворени јавни места нема да биде задолжително, туку ќе важи само како препорака.
Во затворен простор, оваа мерка ќе мора да се почитува, освен во рамките на затворена група работници кои се на растојание од најмалку два метра.