Свет 06. декември 2019. / 20:12

Словачка: Експлозија на гас во зграда, најмалку пет лица загинаа

Словачка: Експлозија на гас во зграда, најмалку пет лица загинаа

Најмалку пет лица загинаа, а деветмина се повредени во денешната експлозија на гас во 12-катна зграда во словачкиот град Прешов.

Речиси 85 пожарникари се борат со пожарот до кој дојде по експлозијата, а евакуирани се сите лица од објектот поради стравување дека зградата може да се урне. Во спасувачките операции учествува и војската со шест хеликоптери, јави „Ројтерс“.

Градоначалничката на Прешов, Андреа Турцанова, изјави дека има голем број повредени во најголемата трагедија во градот во последните 50 години.

Голем е бројот и на оние што останаа без покрив над главата.