Свет

Следната недела се очекува договор за Брексит

Следната недела се очекува договор за Брексит

Договорот за брегзит на Велика Британија и ЕУ ќе биде објавен во вторник, откако еден ден претходно ќе биде разгледан од страна на британската влада, вели уредникот на „Тајмс“ Сем Коутс.

Ваквите информации тој ги соопшти осврнувајќи се на нацртот на дневниот ред за кој било разговарано во Лондон.

-Според еден нацрт за дневниот ред што се разгледуваше денеска во Вајтхол, тоа најверојатно ќе се случи в понеделник- посочува Коутс.