Тројца од четворица Австралијанци имаат расни предрасуди кон Абориџините – домородниот народ на континентот.
Резултатите од универзитетско истражување, чии резултати се објавени во стручно списание, покажуваат дека независно од возраста, полот, етничката припадност, занимањето, религијата, нивото на образование, политичката припадност или приходите, повеќето Австралијанци имаат „негативен став“.
Овој вид на скриена негативност или несвесна пристрасност „може да доведе до широко распространет расизам“, се вели во анализата на податоците. Со специјален асоцијативен тест во студијата биле анкетирани 11.000 Австралијци во период од 10 години.
Резултатите се шокантни, но не и изненадувачки. Студијата дава јасен доказ за цврстата и невидлива социјална бариера со која се соочуваат домородните народи – вели Сидхарт Широдкар, еден од авторите на извештајот.
Истражувачите забележуваат дека многу луѓе кои имаат такви ставови веројатно не се свесни за нивните предрасуди.