Свет 08. ноември 2020. / 21:55

Скоро 50 милиони заразени од коронавирусот низ светот

Скоро 50 милиони заразени од коронавирусот низ светот

Бројот на заразените со новиот коронавирус SARS-CoV-2 е на прагот од 50 милиони, а најпогоден регион на пред почетокот на зимата е Европа која според показателите ја надмина Латинска Америка.

Во светот во моментов има 49,975.746 заразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата кон крајот на декември 2019 година, според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“. Најмногу заразени пријавиле САД, речиси 10 милиони, а потоа следат Индија, Бразил и Русија.

САД со околу 20 отсто од случаите на глобално ниво, се соочуваат со голем раст на заразените, и последната седмица имаат во просел над 100.000 новозарзени дневно. Во саботатa беа пријавено рекордни 130.000 нови случаи на коронаинфекција.

Во САД за растот на заразите и натаму го обвинуваат претседателот на заминување Доналд Трамп, кој ја минимизираше опасноста од коронавирусот додека неговиот противник кој е објавен за победник Џо Бајден го искористи тоа во кампањата и се залагаше за повнимателен пристап.

Во обвинувањата за републиканецот Трамп дури во последните денови пред изборите беше објавен и податокот дека наводно на неговите предизборни собири, критикувани дека не се носело маски и не се оддржувала физичката оддалеченост, придонеле за ширењето на заразите. Така, економистите од Универзитетот Стенфорд пресметале дека наводно митинзите на Трамп довеле до 30.000 дополнителни потврдени сличаи и веројатно до околу 700 случаи. Но неговата кампања возврати дека во САД коронавирусот почна да се шири од мегалополисот Њујорк и истоимената сојузна држава каде на власт се градоначалник и гувернер од Демократската партија.

Од последиците кои ги предизвикува коронавирусот кај заразените во светот починале 1,25 милиони луѓе. Повторно во овој биланс најголемо учество имаат САД, а следат Бразил, Индија и Мексико.

Вториот бран од пандемијата во последните 30 дена сочинува четвртина од вкупната бројка во светот досега. Октомври досега бил најлошиот месец во пандемијата во кој САД првпат пријавија над 100.000 дневни случаи, а во Европа бројките продолжуваат силно да растат.

Болеста која се дијагностицира како Covid-19 во последниот период се шири со молскавична брзина. Биле потребни 32 дена бројката да се зголеми од 30 на 40 милиони, а потоа 21 ден де порасне од 40 на речиси 50 милиони.