Свет 03. јануари 2021. / 19:58

Скоро 10 милиони луѓе се вакцинираа против коронавирусот

Скоро 10 милиони луѓе се вакцинираа против коронавирусот

До 1 јануари од новата година, вкупно 9,95 милиони луѓе во светот ја примија првата доза на вакцини за коронавирус.

Повеќето луѓе се вакцинирани во Кина, а потоа следат САД, Велика Британија и Израел.

Кинезите добија околу 4,5 милиони дози, Американците 2,79 милиони дози.

Меѓу првите десет земји спаѓаат Германија, Канада, Бахреин, Русија, Полска и Италија.