Градската управа на Москва забрани да се одржи традиционалното бдеење во спомен на жртвите на советскиот диктатор Јосиф Висарионович Сталин пред главниот штаб на руската разузнувачка служба.
И покрај тоа што граѓанската група ,,Мемориал” ги имала сите потребни дозволи , им било забрането бдеењето со објаснување дека на тоа место во тек се градежни работи. Градските власти им ветиле на активистите дека ќе им дозволат да го одржат поменот на друга локација кон крај на месецот.
Но , од ,,Мемориал “ ја одбиваат понудата на Москва за одржување на бдеење на 29 октомври, бидејќи веќе десет години се одржува на истото место и на денешен ден.
Членовите на семејствата на убиените за време на диктатурата на овие бдеења ги читаат имињата и кусите биографии на 40 000 загинати пред 80 години само од Москва.
Политичките прогони на Сталин доживеале врв во 1937 кога 1,5 милиони луѓе биле прогласени за државни непријатели и од нив 700 000 биле погубени.