Свет 12. октомври 2018. / 23:02

Скандал во Естонија: Банките испрале 13 милијарди евра!

Скандал во Естонија: Банките испрале 13 милијарди евра!

Во финансискиот скандал што ја потресе Естонија биле правени трансакции и од 1,1 милијарди долари.

Банките од Естонија , кои се најдоа  во скандал со перење пари , во што е вмешана и банка од Данска , извршиле прекугранични трансакции во вредност поголема од милијарда долари , објави централната банка на Естонија . Трансакциите се вршеле во периодот од 2008 до 2017 година.

Во Естонија се переле пари од Русија , Молдавија и Азербејџан преку нерезидентни банковни сметки.

Централната банка на Естонија утврдила дека трансакциите преку нерезидентните сметки се дел од проблемот и дека Данска Банк не е единствена , туку се вмешани и други банки. Во Естонија работат и шведски и норвешки банки.

Податоците за можни нелегални трансакции и перење пари за прв пат се појавија во мај , кога финансиските служби на Естонија објавија дека од 2012 до 2016 биле испрани 13 милијарди евра. Од нив , најмалку 7,3 милијарди биле од нерезидентни банкарски сметки.

Минатиот месец Данске Банк излезе со информација дека плаќања во износ од 200 милиони евра се означени за сомнителни, а се вршеле од 2007 до 2015 година.