Свет 12. ноември 2019. / 13:50

Скандал во ЕПЛ: Кредитните картички од оваа компанија ги дискриминираат жените

Скандал во ЕПЛ: Кредитните картички од оваа компанија ги дискриминираат жените

Ко-основачот на „Аpple“ , Стив Возњак, се приклучува на дебатата во Интернет,  по  обвинувањата дека кредитната картичка на компанијата  ги дискриминира корисниците.

Во текот на последните неколку дена, голем број корисници на „Apple Card“ објавија дека забележале дискриминација кога станува збор за одобрување  кредитни лимити. Имено, во САД е вообичаено сопружниците да делат банкарски сметки, да имаат заеднички средства, а со тоа и ист кредитен рејтинг. И покрај ова, скоро како по правило, сопругите добивале  значително помалку кредитно одобрување  од нивните сопружници.

Во некои случаи, разликите во одобрените лимитии се  огромни – до 20 пати беа одобрени  поголеми лимити  во корист на мажите.

По големиот број на пријави ,  американските финансиски институции започнаа истрага.

Доколку се испостави дека алгоритмите кои ги обработуваат податоците за оценка на кредитната корист  ги дискриминираат жените, оние што ја издале картичката, во овој случај Голдман Сакс и Епл, ќе бидат во судир  со законот.

Картичката на Apple  беше лансирана ова лето, при што Apple заработува на камати, но од друга страна на корисниците им дава и одредени попоусти за своите производи