Асистентката на портпаролот на Белата куќа грубо се пошегува со здравјето на Американскиот републикански сенатор Џон Мекејн.
Кели Седлер грубо се пошегува со долгогодишниот сенатор Мекејн , кој има тумор на мозокот , која рече дека неговото противење на кандидатурата на новата директорка на ЦИА , предлог на претседателот Доналд Трамп , не е важно зашто тој и така е на умирање.
На ваквата изјава на Садлер веднаш остро реагираше сопругата на сенаторот. ,,Ве потсетувам дека појот сопруг има семејство, седум деца и пет внучиња “ , напиша на твитер Синди Мекејн. 81 – годишниот Мекејн често ги критикува постапките на Трамп .
Минатата година му е дијагностициран тумор на мозокот и сега е на домашна нега во неговиот дом во Аризона и со месеци не се појавил во Сенатот.
Од Белата куќа не ја демантираа изјавата на Садлер , а во соопштението наведуваат дека почитуваат се што направил сенаторот Мекејн за својата земја . ,, Се молиме за него и неговото семејство во овие тешки моменти .” се наведува во соопштението.
Џон Мекејн изјави деновиве дека Сенатот треба да ја одбие кандидатката на претседателот Трамп Џина Хаспел за директор на ЦИА.