Поранешниот доктор на американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека тој не го напишал извештајот за здравјето на претседателот.
Докторот Харолд Борншајн изјави дека тој не го напишал писмото во кое е наведено дека тогашниот републикански кандидат има ,, зачудувачки одлично “ здравје. ,,Трамп го диктираше целото писмо .” изјави докторот . Белата куќа не ги коментираннаводите на Борнштајн.
Тој уште вели дека телохранител на Трамп во февруари минатата година направил претрес во неговата ординација и ги одзел досиејата за здравствената состојба на претседателот Трамп. Според американските медиуми , не е позната причината зошто токму сега докторот открил детали за здравствениот извештај на Трамп.