Свет 28. ноември 2018. / 19:06

Скандал: Донации за партијата на Тереза Меј доаѓале од проституција

Скандал: Донации за партијата на Тереза Меј доаѓале од проституција

Дел од донациите за Конзервативната партија на Тереза Меј доаѓаат од најголемиот бордел во земјата, десеткатница во елитен дел на Лондон.

Според британските медиуми дел од донациите доаѓа од изнајмувањето станови за проститутки , од кои дел би можеле да бидат и жртви на трговија со луѓе.

Весникот Sunday Times ги објави резултатите од повеќегодишната анализа во која се тврди дека зградата Chelsea Cloisters, која се наоѓа во престижниот дел на Лондон , Chelsea ,е епицентар на високата проституција. Комплексот со 670 станови е во сопственост на големиот донатор на Ториевците , Кристофер Моран , кој изнајмува дел од становите , а во еден дел заработува преку одржувањето на становите.

Како дел од истрагата новинарите закажале 40 состаноци со проститутки во 23 стана во зградата , а 15 проститутки ги нуделе своите услуги во станови што ги изнајмуваат од компанијата на Моран.

Во комплексот над 100 проститутки јавно ги нудат своите услуги , а зградата на 10 ката е на толку лош глас што ја нарекуваат ,,Содома и Гомора”. Моран на партијата на Меј и донирал над 290 000 фунти . Преку својата компанија донирал 140 000 фунти.

Сега Меј е под притисок на јавноста да ги врати парите од таквите донации , зашто според весникот , дел од проститутките се жртви на трговија со луѓе , а најголем број од нив доаѓаат од Романија.

Богатството на Моран се проценува на 404 милиони фунти , а тој се движи во највисоките британски кругови . Снимен е и со британската кралица Елизабета II и со принцот Хари.

Тој живее во близина на ,,зградата на гревот” во историската зграда Crosby Hall  со 30 соби на брегот на Темза.