Свет 13. јануари 2021. / 11:56

Ситуацијата со Ковид-19 во Италија речиси идентична како онаа во март

Ситуацијата со Ковид-19 во Италија речиси идентична како онаа во март

Повеќе од 14 илјади новоинфицирани со Ковид-19, и 616 починати пациенти – е билтенот за епидемиолошката состојба во Италија во последните 24 часа, пренесува агенцијата Анса.

Поради инфекцијата со коронавирусот, повеќе од половина милион Италијанци биле изолирани дома, а хоспитализирани се 23 илјади пациенти, плус 2.636 лица на одделите за интензивна нега.

Бројот на пациенти со Ковид, кои се наоѓаат во болница е скоро еднаков на бројот што го имавме во март, сега сме подобро организирани и сепак Италија во вториот бран на пандемијата бележи 43 илјади нови жртви на инфекција, предупредува професорот Масимо Гали, примариус на болницата за заразни болести во Милано.

Професорот Гали, заедно со други експерти, бара од властите да ги заострат мерките против вирусот, но според италијанскиот печат, претседателите на одредени региони се спротивставуваат на засилување на епидемиолошките мерки во нивните региони.

Што ќе преовлада, политичките одлуки или предлозите на научници, ќе се види наскоро.