Изминаа речиси два месеци откако новиот корона вирус се појави во кинескиот град Вухан. Вирусот оттогаш е потврден во речиси сите земји и територии од Источна Азија. Секаде, освен во Северна Кореја.
Една од најсиромашните земји во светот успева, според официјалните соопштенија од оваа земја, да го избегнат вирусот и покрај тоа што се граничи со Кина.
Вирусот досега уби повеќе од 630 луѓе, а заразени се повеќе од 30 илјади.
Освен Кина погодени се уште 25 земји ширум светот, вклучително и две земји кои ја делат границата со Северна Кореја – Русија и Јужна Кореа.
Впрочем, секоја држава и територија во радиус од 800 километри, освен ретко населената Монголија, потврдија случаи на корона вирус.

Како што наведува СиЕнЕн, не е јасно како Северна Кореја успева да го избегне вирусот. Пјонгјанг или имал многу среќа, или нешто крие или конечно има бенефит од „затворената нација“.
Иако земјата официјално нема потврдено случај, Нам Сунг Вук. професот на Универзитетот Кореа, кој претходно работел како разузнавач во Јужна Кореја, изјави дека е многу можно некој во земја од 25 милиони луѓе да е заразен.
Научниците и понатаму се обидуваат да утврдат како овој вирус се шири, но се верува дека не може да се најде во воздухот.