Свет 19. октомври 2019. / 19:48

Сириските Курди ја продолжуваат борбата против Исламската држава

Сириските Курди ја продолжуваат борбата против Исламската држава

Денес Сириските демократски сили соопштија дека ги продолжуваат операциите против џихадистите од Исламска држава во источниот дел на Сирија.

Повторно покренавме воена операција против ИД во Деир Езор. Нашите сили соработуваат со силите на коалицијата – изјави командантот на курдските сили Мазлум Абди.

Тој додаде дека присуството на американските сили е важно за баланс на силите во Сирија.

Сакаме Американците да имаат одредена улога во Сирија, за Русија или некој друг да нема монопол на теренот. Во наш интерес е американските сили да останат, со цел да се постигне рамнотежа – посочи Абди.

Претходно, Министерство за надворешни работи на Русија соопшти дека руска делегација денеска во Дамаск разговарала со претседателот на Сирија, Башар ал Асад за решавање на кризата во североисточниот дел на земјата.

На средбата посебно е истакната потребата за преземање мерки за деескалација на тензиите со цел да се осигура безбедност во тоа подрачје.