Сириски бунтовници, поддржани од Турција, денес нападнале владини позиции лоцирани северо-источно од Алепо, објави Ројтерс. Така е отворен нов фронт со сириските воени сили кои минатата недела покрај Идлиб значително напредувале.
Нападот се случил на територијата во близина на градот Ал Баба, контролирана од Турците и нивните сириски сојузници од 2017 година. Сириската државна телевизија не извести за нов напад, а извор на Ројтерс од страната на бунтовниците соопшти дека турските сили не учествувале во нападот.
Според тие информации, досега се окупирани три села. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека нападот го извршиле фракции лојални на Анкара.
Сириските владини сили, поддржани од Русија, оваа недела забрзано напредувале во Идлиб окупирајќи го градот Марар ал-Нуман, кој се наоѓа на околу 100 километри југо-западно од Ал Баба.
Идлиб и областа северно од Алепо се последниот дел од територијата на Сирија окупирана од бунтовниците.