Сириските државни медиуми објавија дека владините сили зазеле поголем дел од бунтовничката провинција Алепо во офанзивен напад извршен со поддршка на Русија.
Руски воени авиони извршиле воздушни напади, бомбардирајќи градови меѓу кои и Анадан, кој подоцна беше заземен од сириската војска, поддржана од иранските сили.
Трупите на сирискиот претседател Башар ал Асад, потпомогнати од руски воздушни напади, продолжуваат со напади врз регионот Идлиб и делови од соседните провинции Алепо и Латакија од декември.
Офанзивата ја прекина соработката помеѓу Турција и Русија, кои ги поддржуваат спротивставените страни во конфликтот, но соработуваат за, како што велат, политичко решение за скоро деветгодишната војна.