Свет 06. февруари 2020. / 13:44

Сириската војска без страв од турските закани: Зазеде клучен град на бунтовниците

Сириската војска без страв од турските закани: Зазеде клучен град на бунтовниците

Војската на сириските владини сили зазела клучен град што до сега беше во рацете на сириската опозиција на североистокот од земјата. Ваквото напредување на сириските сили доаѓа и покрај заканите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе употреби сила доколку до крајот на месецот сириската војска не се повлече од тој регион.

Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Велика Британија, соопшти дека силите на сириската војска влегле во градот Саракеб по интензивниот судир со борците на сириската опозиција во текот на кој биле опколени неколку турски набљудувачки пунктови.

Саракеб е последниот поголем град што го држеа бунтовниците. Градот се наоѓа на крстосница на автопат што ги поврзува источна и западна Сирија.

Турција ги поддржува бунтовничките групи на севеозападот од Сирија, а има и десетина набљудувачки пунтови во провинцијата Идлиб, која се граничи со Турција.

Последните неколку дена официјална Анкара испрати нови војници и опрема, поставувајќи пунктови околу Саракеб и на тој начин се обиде да го спречи упадот на владините сили.

Војската на сирискиот претседател Башар ал-Асад од декември напредуваше во Идлиб, последното упориште на бунтовниците во земјата.