Откако големи делови од земјата, кои беа под контрола на терористите, сега се ослободени, сириската влада ги повика граѓаните, кои поради војната ги напуштија своите домови, да се вратат дома. „Хјуман рајтс воч“ соопшти дека на Сиријците, кои работат на откривање на масовни гробници во подрачјата кои некогаш беа под контрола на Исламска држава, им е потребна помош.
Како што пренесува „Раша тудеј“, повикувајќи се на сириската агенција САНА, ситуацијата се променила по ослободувањето на делови на земјата кои ги држеа терориатите, а кои сега ги ослободија владините сили во соработка со сојузниците или преку процес на помирување.
Сириската влада им порача на граѓаните дека е одговорна за нивната безбедност и им вети дека ќе им ги овозможи сите потребни услуги. Дамаск очекува помош од странските хуманитарни организации и од меѓународната заедница.
Оргаизацијата „Хјуман рајтс воч“ објави дека на Сиријците кои работат на откривање на масовни гробници во областите кои биле под контрола на ИД, им треба помош да ги сочуваат доказите, да ги идентификуваат посмртните останки и да го расветлат ужасот кој го предизвикаа екстремистите.