Свет 29. јуни 2018. / 14:13

Сириската офанзива присилила 120.000 луѓе да ги напуштат домовите

Сириската офанзива присилила 120.000 луѓе да ги напуштат домовите

Повеќе од 120.000 луѓе побегнале од југозападна Сирија од почетокот на офанзивата на владините сили, соопшти Сирискиот центар за човечки права со седиште во Лондон.

Центарот наведува дека неколку десетици илјади луѓе се наоѓаат на границата на Сирија со Jордан, додека илјадници побегнале кон Голанската висорамнина.

Директорот на Центарот, Рами Абдулраман изјави дека најголем број цивили го напуштиле источниот дел на провинцијата Дера, во момент кога владините сили напредуваат.

Владините сили на Сирија ја почнаа офанзивата во југозападниот дел на земјата во обид повторно да го заземат подрачјето кај границата со Јордан и Голанската висорамнина.