Свет 12. јуни 2018. / 16:22

Сириската армија ги групира силите на границата со Голанската висорамнина

Сириската армија ги групира силите на границата со Голанската висорамнина
Israeli soldiers demarcate an area as they stand near armoured personnel carriers (APCs) during an exercise in the Israeli-occupied Golan Heights, near the ceasefire line between Israel and Syria, August 21, 2015. REUTERS/Baz Ratner

Сириската војска започна да ги групира силите на границата со Голанската висорамнина, дел од сириската територија која е под контрола на Израел.

Според првите извештаи, сириските сили го засилуваат присуството во регионот Ал Кинетра со системот ПВО Панцир С1, кој е купен од Русија.

Овој стратешки потег следел откако сириската армија ја започнала долгоочекуваната офанзива во јужните провинции во земјата.

Официјален Дамаск започнува сеопфатна офанзира насочена кон позициите на бунтовниците во провинциите Дара и Ал Кинетра.