Свет

Сирија: Локални избори, први од 2011

Сирија: Локални избори, први од 2011

Во Сирија се одржуваат првите локални избори од 2011 година на кои се очекува да победат кандидатите на владејачката партија Баат.

На изборите учествуваат повеќе од 40 000 кандидати кои се борат за 18 478 одборнички места, соопшти министерството за локална управа.

Ова се први избори од почетокот на граѓанската војна во земјата, а се одржуваат на поголема територија од претседателските во 2014 година, со оглед на тоа што Владата во меѓувреме успеа да врати голем дел од територијата под нејзина контрола.

Изборите не се одржуваат во курдскиот регион чии лидери сакаат федерална држава во која Дамаск би ја почитувал нивната автономија.