Свет 22. јули 2018. / 16:12

Сирија и Јужна Осетија потпишаа договор за дипломатски односи

Сирија и Јужна Осетија потпишаа договор за дипломатски односи

Сирија и самопрогласената држава Јужна Осетија, потпишаа денеска договор за воспоставување на дипломатски односи, соопшти сириската државна агенција САНА.

Заменик премиерот и министер за надворешни работи на Сирија Валид ел Моалем и министерот за надворешни работи на Јужна Осетија Димитриј Медојев, се сретнаа денекса во Дамаск, каде разговараа за зајакнување на билатералните односи меѓу двете земји во различни области.

Муалем соопштил дека потпишале повеќе билатерални спогодби.

Медојев, пак, изразил благодарност во име на раководството на Јужна Осетија во врска со ставот на Дамаск за признавање на државата.

Јужна Осетија е самопрогласена држава на Кавказ, отцепена од Грузија, која ја смета за своја територија. Нејзината независност досега е призната од пет држави Русија, Никарагва, Науру, Венецуела и Тувала, а ОН сеуште ја смета за дел од Грузија.