Сириската армија соопшти дека го затвора својот воздушен простор над северозападниот дел на земјата. Според армиски извори, затворањето на воздушниот простор ја вклучува и провинцијата Идлиб.
Во наредбата на армијата е посочено дека секој авион што ќе го наруши воздушниот простор во определената зона ќе се смета за непријателски и ќе биде соборен, за да не се дозволи реализација на агресивни активности.
Одлуката на сириската армија следева откако, претходно, турските медиуми објавија дека е соборен авион „L-39“ на сириската армија од борците на таканаречената вооружена сириска опозиција во реонот на населбата Саракиб.
– Пилотот успеал да се катапултира, но засега не се знае неговата судбина – информираше турскиот весник „Хабертурк“.
Сириската државна агенција веднаш ја демантира оваа вест.
– Никаков авион на сириските воено-воздхопловни сили не е соборен над овој регион – јави Сана
Од таму појаснуваат дека единици на сириската армија собориле беспилотно летало, произведено од Турција. Дронот и припаѓал на вооружената сириска опозиција, која се бори на страната на Турција.