Свет 09. август 2018. / 16:07

Сирија: Булевар во Африн доби име по турскиот претседател Ердоган

Сирија: Булевар во Африн доби име по турскиот претседател Ердоган

Некои булевари во Африн, во Сирија, кој припадниците на Вооружените сили на Турција (ТСК) и Слободната сириска војска (ССВ) го ослободија од терористите, ќе го носат името на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и операцијата „Маслинова гранка“, со која градот е ослободен.

Новинарот на Anadolu Agency (AA) во Африн дознава дека Собранието во Африн го промени името на три булевари.

Булеварот „Демирџи Кава“, преименуван е во Булевар „Маслинова гранка“, Булеварот „Невруз“ во Булевар „Селахадин Ејуби“ и Булеварот на Владата во Булевар „Реџеп Таип Ердоган“.

Во тек се активностите за јакнење на безбедноста во Африн, кој ТВС и ССВ го ослободија на 18 март.

Тимовите од експерти, активностите ги спроведуваат со внимателност кон цивилите, одредуваат локации и уништуваат експлозивни средства кои терористите ги поставиле во близина на раскрсниците.

Исто така, припадниците на ТСК, освен активностите за уредување на околината и приспособувањето на инфраструктурата, на цивилите им пружаат и здравствени услуги.