Симнатата од власт социјалдемократска влада на Романија користела два државни буџета, слично на познатиот криминалец Ал Капоне, изјави новиот министер за финансии Флоријан Кицу.
-Во последните три години економијата на Романија се справ увала со два буџета-еден, што бил претставуван во парламентот и вториот, што содржел реални податоци и бил користен за финансирање на локалните барони. Точно по таква шема работел и Ал Капоне, кој имал официјална документација за пред даночните власти и друга за лично користење, објасни Кицу.
Тој подвлече дека економската ситуација во земјата е многу полоша, отколку што очекувала Национал-либералната партија кога ја презела власта во почетокот на ноември. Засега е утврдено дека вистинскиот буџетски дефицит на државата изнесува 4% од бруто домашниот производ на Романија.
Кицу ја разгледувал ситуацијата со буџетот со помош на претставници на Европкста комисија и на меѓународните финансиски институции.
-Речиси се што утврдивме ги надминува и најпесимистичките прогнози. Меѓународните партнери на Романије не биле точно информирани за вистинската финансиска ситуација во која се наоѓала државата. Се било добро испланирано. Во последните три години се поткопани темелите на романската економија, изјави Кицу.
Според него, на почетокот на секоја година изгледало дека со буџетот е се во ред, но преку буџетски интервенции, парите биле насочувани кон партијата на власт.