Свет 11. мај 2018. / 19:29

Силувана од маж додека ја држеле неговите роднини: Го убила следниот ден, поради тоа е осудена на смрт

Силувана од маж додека ја држеле неговите роднини: Го убила следниот ден, поради тоа е осудена на смрт

Младата Суданка, 19-годишната Нура Хусеин, е осудена на смрт со бесење поради убиство на сопругот за кој тврди дека ја силувал со помош на своите роднини, рекол еден од нејзините адвокати.

“Нура Хусеин пред три години од своите родители била принудена на брак, но побегнала од сопругот одбивајќи да остане со него”, рекол адвокатот Ахмед Себаир. Според неговите зборови, сопругот се вратил со роднините по неа, а тие ја држеле додека тој ја силувал.

Кога двајцата останале сами следниот ден, тој повторно се обидел да ја силува, но таа успеала да земе нож со кој го избодела до смрт. Тоа се случило на 3. мај минатата година, а Хусеин од тогаш е во затор.

Судан не забранува брак со деца ниту предвидува казна за силување на брачниот партнер.

Оние кои ја поддржувале за време на процесот протестирале пред судот во Омдурман, втор по големина град во Судан.

Случајот привлекол внимание кај бројни луѓе ширум светот, кои и пружале поддршка на Хусеин на интернет, под слоганот “Правда за Нура”.

Сведоците кои присуствувале на судењето објавиле на интернет дека семејството ја напуштило Нура Хусеин и дека таа денес била сама на изрекувањето на пресудата.

Наведуваат и дека безбедносните сили во Судан ги претепале насобраните пред судот кои истакнувале пораки против смртната казна.

На чело на Судан е долгогодишниот автократски претседател Омар ал-Башир, кој меѓународниот кривичен суд го обвинил за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства во судирите во Дафур.