Јапонската Влада ја разгледува можноста да ја одложи парадата по повод крунисувањето на царот Нарухито, закажана за следната недела. Причина за таквите планови е тајфунот Хагибис во кој досега загинаа најмалку 77 луѓе.
Владата во Токио планира да ја одложи парадата за да може целосно да се посвети на ублажување на последиците од тајфунот, кој особено силно го погоди североисточниот дел од Јапонија.
Во налетот на тајфунот уништени се или оштетени 1.600 домови, 346 лица се повредени, а 10 се водат како исчезнати.
Нарухито (59) го наследи престолот во мај, откако неговиот татко Акихито абдицираше. Акихито е првиот јапонски цар кој абдицирал во последните 200 години.