Свет 07. јули 2018. / 22:35

Силниот дожд го уништи целиот труд на спасувачите во пештерата во Тајланд

Силниот дожд го уништи целиот труд на спасувачите во пештерата во Тајланд

Шансите за безбедно извлекување на дванаесетте деца и нивниот тренер се намалуваат од час во час , откако почна силен дожд , кој го уништи целиот вложен труд на спасувачите во последните пет дена во испумпувањето на водата.

Со намалување на нивото на кислород во пештерата и лошата временска прогноза , се намалуваат шансите за планот децата сами да изнуркаат тунел долг 5,4 километри , што е предизвик и за искусни нуркачи.

При спасувањето на децата веќе загина поранешен тајландски специјалец , кој во петокот наутро остана без воздух , во обид да им дотури боци со кислород на децата, пробивајќи се низ лавиринтот на пештерата.

Децата на возраст од 11 до 16 години се добро и денеска преку странски нуркач испратија напишани пораки до своите најблиски.