Силна експлозија во станбена зграда во Лангенцерсдорф близу Виена се случи утрово во 7 часот и 45 минути, по што се сруши покривот.
Три лица се повредени, од кои едно потешко. Експлозијата се случи на последниот кат, кој беше целосно уништен.
Уништени се и неколку паркирани автомобили пред зградата, а очевидците изјавија дека слушнале силна експлозија што предизвикала пожар и густ чад што сè уште лебди над зградата, бидејќи пожарникарите вложуваа големи напори да го изгаснат пожарот.
Засега не е позната точната причина за експлозијата, сепак, државната канцеларија на криминалистичката полиција верува дека станува збор за гас, пишуваат локалните медиуми.
Grosseinsatz der Feuerwehren des Bezirks in Langenzersdorf
Posted by Marktgemeinde Langenzersdorf on Friday, January 29, 2021