Свет 07. јуни 2019. / 17:51

Силна експлозија во шведскиот град на авијацијата

Силна експлозија во шведскиот град на авијацијата

Во центарот на Линкопинг, град во јужниот дел на Шведска денеска се одекна експлозија при што повредени се 25 лица.

На местото на инцидентот се наоѓаат 20 амбулантни возила и припадници на единицата за детонирање.

Според Шведското радио експлозијата оштетила прозорци и тераси на една петкатница, а штета претрпеле и зградите во близина.

Се уште не е позната причината за експлозијата.

Инаку Линкопинг е град на авијацијата, каде што фабриката СААБ ги произведува воените авиони Грипен.