Свет 03. септември 2019. / 15:10

Силна експлозија во Белгија – уништени три куќи

Силна експлозија во Белгија – уништени три куќи

Во силна експлозија што го потресе предградието на Антверпен во Белгија, повеќе куќи се уништени, а едно лице е извлечено од под урнатините.

Противпожарната служба соопшти дека можно е под урнатините да има уште затрупани во јужното предградие на градот, пренесе Ројтерс. Засега не е позната причината за експлозијата. Неофицијално, несреќата ја предизвикала експлозија на гас.