Свет 18. мај 2018. / 17:15

Силна експлозија на аеродромот во Хама

Силна експлозија на аеродромот во Хама

Силна експлозија одекна на воениот аеродром во градот Хама, на северозападниот дел на Сирија, јавија сириските државни медиуми.

Причината за силната експлозија, која уследила по седијата послаби експлозии во близина на аеродромот, засега не е позната.

Сирискиот центар за мониторинг на човекови права со седиште во Лондон, пак, соопшти дека се слушнале експлозии во близина на аеродромот во Хама, но и во самиот град.

(Миа)