Свет 14. јануари 2020. / 14:15

Силите на Калифа Хафтар подготвуваат решавачки напад врз Триполи

Силите на Калифа Хафтар подготвуваат решавачки напад врз Триполи

Командантот на Либиската национална армија, Калифа Хафтар, почна да ја поместува војската кон јужниот дел на Триполи, со цел да изврши уште еден напад врз позициите на Владата на национално единство на Фајез Сараџ.

– Војската на Хафтар ги повлекува своите сили јужно од Триполи за да изврши уште еден напад – изјавил неименуван извор близок на Сараџ.

Лидерите на либиските завојувани страни по осумчасовни преговори не успеаја да се договорат за примирје и прекин на девет месечниот конфликт поради главниот град Триполи.