Свет 07. јануари 2020. / 10:45

Силите на генералот Калифа Хафтар го зазедоа стратешкиот либиски град Сирт

Силите на генералот Калифа Хафтар го зазедоа стратешкиот либиски град Сирт

Либиските сили лојални на командантот Калифа Хафтар, чие упориште е на истокот на земјата, тврдат дека во брза офанзива предводена со воздушен напад презеле контрола врз стратешкиот крајбрежен град Сирт.

Заземањето на Сирт е значајно за Хафтар, кој од април спроведува офанзива кон главниот град Триполи, каде што е седиштето на меѓународно признатата либиска влада.

Офанзивата на силите Хафтар се случува во момент кога Турција испраќа свои трупи во Либија за помош на владата во Триполи.