Свет 12. февруари 2020. / 21:34

Силите на генералот Калифа Хафтар блокирале авион на мисијата на ОН во Либија

Силите на генералот Калифа Хафтар блокирале авион на мисијата на ОН во Либија

Силите лојални на генералот Калифа Хафтар блокираа авион што превезувал персонал на Обединети нации во Либија, со што спречија достава на хуманитарна помош, како и планираната посредничка мисија.

Либиската национална армија (ЛНА) на Хафтар го контролира источниот дел на земјата од април 2019 година, а последните неколку недели повеќе пати одби да дозволи слетување на авионите на ОН – соопштија од Мисијата на ОН во Либија (УНСМИЛ)

УНСМИЛ има голема база во Триполи од каде се дистрибуира хуманитарната помош  за бегалците и раселените лица.

По соборувањето на Моамер ел Гадафи во 2011 година, Либија е поделена земја помеѓу ривалските страни кои се борат за превласт. Но, нивните судири се интензивираа во април минатата година кога Хафтар презеде голема офанзива врз Триполи, но меѓународно признаената влада возврати и настана пат позиција.

Меѓународно признаената Влада на Фајез ал Сараџ, со седиште во Триполи контролира помал дел од државата, додека генерал Хафтар, чие седиште е во Тобрук, контролира поголем дел од земјата и поголем број нафтени полиња.